1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Артикли

д-р Светлана Трбојевиќ

00_Trbojevik_photo.jpgРодена е на 06.12.1971 во Скопје каде го оформува своето основно, средно и факултетско образование. Во 1996 година дипломира на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот Факултет, Скопје. На истата наставно–научна институција во 2008 година се стекнува со научно звање Магистер по социјална политика.

Своето работно искуство го започнува во 1996 година како библиотекар секретар на Институтот за социјална работа и социјална политика. Од 2005 година работи како асистент на Институтот за социјална работа и социјална политика на предметите: теорија на социјална работа, социјална работа со група, социјална работа во локална заедница, современи системи на социјална заштита, и социјална работа во невладин сектор.

Флуентно го говори англискиот јазик и непречено се служи со компјутерските оперативни системи.

М-р Трбојевиќ е член на советот на Здружението за помош и подршка на деца и семејства под ризик “За среќно детство” – Скопје, од 1999 – тековно; член на совет на Предизвик за млади, 1999 – 2004; член на советот на Македонската национална коалиција за правата на детето – Македонија, 1997-2000.

Покрај богатото работно искуство активено учествувала во работата на невладиниот сектор при што посебно би го истакнале нејзиниот ангажман во ПМУ Inter Life, Хуманитарна организација на Евангелска Црква во Македонија АГАПЕ и Прва Детска Амбасада во Светот – Меѓаши.

Учествува на бројни меѓународни и домашни конференции: Современи предизвици во теоријата и праксата на социјалната работа и социјалната политика, организирана во Скопје од ИСРСП (2007); Етницитетот и образованието за социјална работа организирана од страна на Факултетот за социјална работа во Словенија (2006); III Меѓународна конференција за прилагодување на Европа и Централна Азија кон децата, организирана од страна на УНИЦЕФ, одржана во 2006 г. во Паленција, Шпанија; и други. Активно била вклучена во осум професионални обуки во земјава и во странство. Научни посети на Евангелско високостручно училиште, Нинберг, Германија, Ноемвир, 2004; Католичко високостручно училиште, Падерборн, Германија, Јуни, 2002, Јануари, 2000, и Ноевемри, 1995.


Помеѓу проектите на кои досега била ангажирана ќе ги истакнеме:

1. Дневен центар за деца без родители и родителска грижа, Декември, 2004/ Јуни, 2005. Здружение за подршка на семејства и деца под ризик ,,За среќно детство”-Скопје, Финансиран од Фонд за социјални инвестиции, Проект за развој на општините, Асистент на проект
2. Семинар за обука на дипломати - Скопје, Македонија, Март 2005. Сервис за глобална едукација во соработка со Американската амбасада Скопје, Локален координатор
3. “Застани и размисли” – Намалување на трговијата со луѓе помеѓу децата и младите жени во 8 региони во Македонија, Октомври 2004, Февруари 2005 Здружение за подршка на семејства и деца под ризик ,,За среќно детство”-Скопје, финансирано од УНИЦЕФ, Асистент на проект.
4. “Интервентна програма за подршка на самохрани родители во превенција на социјалната исклученост на членовите на нивните семејства”, Февруари 2003/31 Јануари 2004. Здружение за подршка на семејства и деца под ризик ,,За среќно детство”-Скопје, финсиран од ПХАРЕ, Супервизор на проект.
5. “Примарна превенција на злоупотреба на дрога помеѓу адолесценти – програма за поддршка на студенти во Македонија”, Октомври 2002/Септември 2003. Здружение за подршка на семејства и деца под ризик ,,За среќно детство”-Скопје, финансирано од Американска амбасада, Преведувач на работниот материал.
6. “Развој на општините во Република Македонија преку култура” – 2002, Министерство за култура и Светска Банка, Истражувач.
7. “Унапредување на здравствените, социјални, образовни и хигиенски услови за живот на Ромските заедници во Скопје”, Јануари – Март 2002, АГАПЕ, Асистент на проект.
8. “Реконструкција на куќите во Косово – 2001”, ПМУ Интер Лајф, Јуни, 2001/Јуни 2002, Асистент на проект координаторот.
9. “Балкански мост за превенција на дрогата”, Здружение за подршка на семејства и деца под ризик ,,За срекно детство”-Скопје, Ноември, 2000 – 2002, Натионален асистент цоординатор.
10. “Превенција на психосоцијалните проблеми на бегалците и семејствата во кои се сместени во Република Македонија”, Здружение за подршка на семејства и деца под ризик ,,За срекно детство”-Скопје, Септември -Декември, 1999, Проект асистент.
11. “Летување во град – деца од различни етнички семејства”, Македонски центар за помош на невладини организации, Јуни-Август, 1999, Проект Координатор.
12. “Загрозеноста на ромските деца во град Скопје”, Истражувачки проект, УНИЦЕФ, (Светска Банка), 1999-2000, Истрашувач.
13. “Загрозененоста на ромските деца во Општината Шуто Оризари”, Истражувачки Проект, УНИЦЕФ, (Светкса Банка), Јуни – Јули, 1999, Истражувач.
14. “Улични деца, деца на улица”- Крал Баудоуин и Институтот отворено општество Мацедонија, Февруари - Јуни, 1999, Координатор на Ресоурсниот центар.
15. “Едукација во комуникација помеѓу децата и возрасните” Меѓународен католички детски форум - Белгија, Октомври, 1997 – Март, 1998, Национален координатор.

 Филозофскиот Факултет - Скопје ја негува традицијата на знаење...