1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Надворешни врски

Постдипломски студии


На Институтот за Безбедност, одбрана и мир се организираат три вида последипломски студии:

(1) од областа на безбедноста;
(2) од областа на одбраната;
(3) од областа на мирот и развојот.

Студиите се организираат врз основа на Европскиот кредит трансфер систем, со задолжителни предмети, предмети во изборна насока (опционо изборни) и изборни предмети.


 

ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТА


● Приемот на кандидати на последипломските студии од областа на безбедноста се врши со завршени додипломски студии во областа на безбедноста, мирот и одбраната во траење од четири години кои освоиле 240 кредити

● Исто така, на последипломските студии можат да се запишат и кандидати со завршени додипломски студии од други сродни науки во траење од четири години (240 кредити).

● На последипломските студии од областа на безбедноста можат да се запишат и студенти кои имаат завршени тригодишни додипломски студии кои освоиле 180 кредити, но со претходно полагање на 4 предмети од долунаведената листа на предмети, со што се овозможува да се стекнат потребните 60 кредити. Овие студенти полагаат два задолжителни и два изборни предмети (од понудените пет изборни предмети) од долунаведената листа:

Задолжителни предмети:
– Национална безбедност (15 ЕКТС кредити)
– Меѓународна безбедност (15 ЕКТС кредити)

Изборни предмети (кандидатот избира два):
– Хумана безбедност (15 ЕКТС кредити)
– Глобални безбедносни закани (15 ЕКТС кредити)
– Приватна безбедност (15 ЕКТС кредити)
– Етиологија на загрозувањето (15 ЕКТС кредити)
– Екологија (15 ЕКТС кредити)


ТРАЕЊЕ НА СТУДИИТЕ

Времетраењето на последипломските студии од областа на безбедноста изнесува два семестри. Во првиот и во вториот семестар се одвиваат предавањата, испитите и другите активности.

Кандидатите се стекнуваат со диплома за завршени последипломски студии од областа на безбедноста на Институтот за одбранбени и мировни студии кога ќе освојат 60 кредити. Распределбата на кредитите е рамномерна во двата семестри, односно по 30 кредити. За семинарска работа е предвиден 1 кредит кој треба да биде реализиран преку изработка на една семинарска работа. Магистерскиот труд се вреднува со 20 кредити и влегува во вкупниот број на кредити (60) предвидени за целосно реализирање на студиската програма.


ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата на студиите се организира во вид на предавања (доколку се јават најмалку пет кандидати за еден предмет) менторство, вежби и консултации. На почетокот на наставата на последипломските студии кандидатот (во договор со Раководителот на последипломските студии и со Координаторот за ЕКТС) се определува за една од понудените пет насоки односно петте групи изборни предмети и тоа:

– Национална безбедност
– Меѓународна безбедност
– Менаџирање на заканите од тероризам
– Разузнавање
– Еколошка безбедност

Во првиот семестар е предвидено да се реализира наставата за три задолжителни предмети и еден изборен предмет (избира еден од понудените два), додека во вториот семестар се реализира наставата за два изборни предмети, односно студентот избира два предмети од понудената листа од четири предмети во соодветните насоки и понатаму пристапува кон изработка на магистерски труд.


МАГИСТЕРСКИ ТРУД

Кандидатот, откога ќе ги положи сите предвидени испити, пристапува кон изработка на магистерски труд. Магистерскиот труд е задолжителен. Темата за магистерскиот труд се избира од една од предметните програми без разлика дали станува збор за категорија задолжителни или изборни предмети. Кандидатот може да предложи ментор од редот на наставниците кои ја изведуваат наставата на последипломските студии, а изборот го врши Наставно-научниот колегиум. Успешно реализиран магистерски труд носи 20 кредити.

Наставно-научниот колегиум на последипломските студии од областа на безбедноста ја одобрува темата за изработка на магистерскиот труд. Одобрувањето се базира врз основа на извештај кој го поднесуваат тројца членови од Наставно-научниот колегиум на последипломските студии од областа на безбедноста. После тоа Извештајот за изработениот магистерски труд го усвојува Наставно-научниот совет на Филозофски факултет во Скопје.

Магистерскиот труд се брани јавно, пред комисија составена од три члена според критериумите утврдени со акт на Филозофскиот факултет. Со одбрана на магистерскиот труд кандидатот се стекнува со научниот степен магистер од областа на безбедноста, како и со diploma supplement во зависност од групата која кандидатот ја избрал во текот на студиите.

Тука може да ги преземете:

– Студиската програма за последипломски студии од областа на безбедноста
– Предметните програми за задолжителните предмети од прв семестар
– Предметните програми за изборните предмети од прв семестар
– Предметните програми за насоката Национална безбедност
– Предметните програми за насоката Меѓународна безбедност
– Предметните програми за насоката Менаџирање на заканите од тероризам
– Предметните програми за насоката Разузнавање
– Предметните програми за насоката Еколошка безбедност


 

ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА НА ОДБРАНАТА 
 

● Приемот на кандидати на последипломските студии од областа на одбраната се врши со завршени додипломски студии во областа на одбраната во траење од четири години кои освоиле 240 кредити.

● Исто така, на последипломските студии можат да се запишат и кандидати со завршени додипломски студии од други сродни науки во траење од четири години (240 кредити).

● На последипломските студии од областа на одбраната можат да се запишат и студенти кои имаат завршени тригодишни додипломски студии кои освоиле 180 кредити, но со претходно полагање на 4 предмети од долунаведената листа на предмети, со што се овозможува да се стекнат потребните 60 кредити.

Задолжителни предмети:
– Полемологија (15 ЕКТС кредити)
– Систем на национална одбрана (15 ЕКТС кредити)

Изборни предмети (кандидатот избира два):
– Меѓународно право на вооружените конфликти (15 ЕКТС кредити)
– Етиологија на загрозувањата (15 ЕКТС кредити)
– Стратегија на национална одбрана (15 ЕКТС кредити)
– Политичка географија и геополитика (15 ЕКТС кредити)


ТРАЕЊЕ НА СТУДИИТЕ

Времетраењето на последипломските студии од областа на одбраната изнесува два семестри. Во првиот и во вториот семестар се одвиваат предавањата, испитите и другите активности. Кандидатите се стекнуваат со диплома за завршени последипломски студии од областа одбраната на Институтот за одбранбени и мировни студии кога ќе освојат 60 кредити. Распределбата на кредитите е рамномерна во двата семестри, односно по 30 кредити. Магистерскиот труд се вреднува со 20 кредити и влегува во вкупниот број на кредити (60) предвидени за целосно реализирање на студиската програма.


ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата на студиите се организира во вид на предавања (доколку се јават најмалку пет кандидати за еден предмет) менторство, вежби и консултации. Во првиот семестар е предвидено да се реализира наставата од три задолжителни и еден изборен предмет, додека во вториот семестар се реализира наставата од два изборни предмети, и понатаму пристапува кон изработка на магистерски труд. Работата на магистерскиот труд вклучува 30 задолжителни менторски часови.


МАГИСТЕРСКИ ТРУД

Кандидатот, откако ќе ги положи сите предвидени испити, пристапува кон изработка на магистерски труд. Магистерскиот труд е задолжителен. Кандидатот може да предложи ментор од редот на наставниците кои ја изведуваат наставата, а изборот го врши Наставно-научниот колегиум на последипломските студии од областа на одбраната. Успешно реализиран магистерски труд носи 20 кредити.

Наставно-научниот колегиум на последипломските студии од областа на одбраната ја одобрува темата за изработка на магистерскиот труд. Одобрувањето се базира врз основа на извештај кој го поднесуваат тројца членови од Наставно-научниот колегиум. После тоа Извештајот за изработениот магистерски труд го усвојува Наставно-научниот совет на Филозофски факултет во Скопје.

Магистерскиот труд се брани јавно, пред комисија составена од три члена според критериумите утврдени со акт на Филозофскиот факултет. Со одбрана на магистерскиот труд последипломецот се стекнува со научниот степен магистер по одбрана.

Тука може да ги преземете:

– Студиската програма за последипломски студии од областа на одбраната
– Предметните програми за предметите од првиот семестар
– Предметните програми за предметите од вториот семестар


 

ПОСЛЕДИПЛОМСКИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ ПО МИР И РАЗВОЈ 
 

На оваа студиска програма можат да се запишат:

● Кандидати со завршен прв циклус на студии чие времетраење изнесува четири години и кои имаат освоено 240 кредити.

● Кандидати кои завршиле прв циклус на студии чие времетраење изнесува три години, и кои имаат освоено 180 кредити од првиот циклус, доколку претходно постигнат уште 60 кредити со полагање на следниве предмети.


ТРАЕЊЕ НА СТУДИИТЕ

Времетраењето на последипломските студии од областа на мир и развој изнесува два семестри. Во првиот и во вториот семестар се одвиваат предавањата, испитите и другите активности.

Кандидатите се стекнуваат со диплома за завршени последипломски студии од областа на мир и развој на Институтот за одбранбени и мировни студии кога ќе освојат 60 кредити. Распределбата на кредитите е рамномерна во двата семестри, односно по 30 кредити. Магистерскиот труд се вреднува со 20 кредити и влегува во вкупниот број на кредити (60) предвидени за целосно реализирање на студиската програма.


ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата на студиите се организира во вид на предавања (доколку се јават најмалку пет кандидати за еден предмет) менторство, вежби и консултации. На почетокот на наставата на последипломските студии кандидатот (во договор со Раководителот на последипломските студии и со Координаторот за ЕКТС) се определува за една од понудените насоки:

– Мировни политики и стратегии
– Мировна дипломатија
– Глобализацијата и конфликтите

Во првиот семестар е предвидено да се реализира наставата од три задолжителни предмети, додека во вториот семестар се реализира наставата од два изборни предмети од изборната група (кои студентот ги избира од понудената листа на предмети), и понатаму пристапува кон изработка на магистерски труд.


МАГИСТЕРСКИ ТРУД

Кандидатот, откога ќе ги положи сите предвидени испити, пристапува кон изработка на магистерски труд. Магистерскиот труд е задолжителен. Темата за магистерскиот труд се избира од една од предметните програми без разлика дали станува збор за категорија задолжителни или изборни предмети. Кандидатот може да предложи ментор од редот на наставниците кои ја изведуваат наставата. Успешно реализиран магистерски труд носи 20 кредити. Наставно-научниот колегиум на последипломските студии од ова област ја одобрува темата за изработка на магистерскиот труд. Одобрувањето се базира врз основа на извештај кој го поднесуваат тројца членови од Наставно-научниот колегиум. Извештајот за изработениот магистерски труд го усвојува Наставно-научниот совет на Филозофски факултет во Скопје. Магистерскиот труд се брани јавно, пред комисија составена од три члена според критериумите утврдени со акт на Филозофскиот факултет. Со одбрана на магистерскиот труд кандидатот се стекнува со научниот степен магистер по мир и развој, а во дипломата ќе биде назначена потесната специјалност, согласно насоката што ја избрал.

Тука може да ги преземете:

– Студиската програма за последипломски студии по мир и развој
– Предметните програми за предметите од прв семестар
– Предметните програми за насоката Мировни политики и стратегии
– Предметните програми за насоката Мировна дипломатија
– Предметните програми за насоката Глобализацијата и конфликтите

 Филозофскиот Факултет - Скопје ја негува традицијата на знаење...