1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Биографија

д-р Никос Чаусидис


Никос Чаусидис е роден на 17 јули 1959 во Ташкент, поранешен Советски Сојуз.

Во 1984 дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста и археологија.

Во 1992 се здобил со звањето магистер на археологија, со магистерскиот труд под наслов „Паганската религија на Јужните Словени и нејзиниот одраз во нивната материјална култура“, одбранет на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста и археологија.

Во 2002    се здобил со звањето доктор на археологија, со дисертацијата: „Рано-средновековните двоплочести фибули и претхристијанската духовна култура на Словените“, одбранет на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста и археологија.

Од 1986 година работи на овој институт, најпрво како асистент, а подоцна како доцент и професор. Држи настава на Филозофскиот и Филолошкиот факултет по предметите: Ликовна семиотика; Музеологија; Занаетчиски технологии и конзервација; Археологија - општ курс; Историја на културата на Македонија.

Бил раководител и соработник на повеќе истражувачки проекти од областа на археологијата, етнологијата и антропологијата. Учествувал на повеќе научни симпозиуми и конгреси со државен и меѓународен карактер. Во своите истражувања се фокусира пред се на транспозициите на симболот, митот, религијата во визуелните и ликовните медиуми, и тоа особено во рамките на праисториските и средновековните паганско традиции на балканските и словенските популации.

Автор е на следните монографии: Митските слики на Јужните Словени, Скопје (Мисла), 1994;  делот Предисторија, во монографијата: Македонија - културно наследство, Скопје, 1995 (англиско издание: Prehistory // Macedonia - cultural heritage); Стручен раководител и коавтор е на мултимедијалниот компакт диск Македонски дрвености, Скопје (Еин-Соф), 1999 година (англиско издание од 2000 г.: Macedonian Antiquities); Дуалистички слики - Богомилството во медиумот на сликата, Скопје (Ник Лист), 2003; Космолошки слики - Симболизација и митологизација на космосот во ликовниот медиум, Скопје, 2005.

Автор е на над 80 научни публикации, објавени во стручни списанија и зборници во Македонија и странство.
 

 Филозофскиот Факултет - Скопје ја негува традицијата на знаење...